петок, 18 октомври 2024

Утре до 15 часот онлајн-пријавување за во средно образование

Објавено на

часот

Сподели

Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Учениците потоа ќе треба да ја достават потребната документација до училиштата – на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Министерството за образование и наука соопшти дека пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни и да се испечати по објавување на ранг-листата.

„Учениците кои се на листата, ја доставуваат потребната документација за запишување  до училиштето во утврдените рокови. Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот Мои апликации на порталот –  по отворање на електронската пријава на ученикот“, информираше МОН.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени  на 24 јуни најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците овој месец е 27-28  јуни, ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни, на 29 и 30 јуни е  доставувањето на потребената документација до училиштата и на 1 јули е објавување на конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ