сабота, 27 јули 2024

Уставните судии не избраа претседател, ќе се гласа повторно на 3 јуни

Како и вчера, така и денеска не успеа гласањето за избор на претседател на Уставниот суд. Ново гласање е закажано за 3 јуни, а ден порано истекува мандатот на судијката Добрила Кацарска на таа функција.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на  Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство.

Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.

Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година“, се вели во сооопштението на Уставниот суд.

Се гласаше за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. За да се избере претседател на Уставниот суд потребно е двотретиско мнозинство, односно најмалку шест гласови. За Васиќ Бозаџиева гласале пет судии, а за Павловска Данева четири. И двете судијки не се откажуваат од кандидатурата.

Покрај Кацарска, Васиќ Бозаџиева и Павловска Данева, уставни судии се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска, и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Мандатот на претседателот на Уставниот суд трае три години без право на реизбор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ