сабота, 27 јули 2024

Уставниот суд во четрврток ќе расправа по иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд во четврток на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорен Законот за матичната евиденција, по иницијатива на политичката партија Левица.

Од судот информираат дека се оспорени делови од три члена од Законот за матичната евиденција. 

Член 4,  став 1, точка 2 од Законот предвидува во матичната книга на родените да се запишуваат податоци за родителите на детето, и тоа, име и презиме (за мајката и моминското презиме), ден, месец, година и место на раѓањето, националност, државјанство, матичен број, живеалиште и адреса на станот.

Членот 11, став 1, точка 1 предвидува дека во матичната книга на венчаните се запишуваат податоци за склучување на бракот, и тоа, име и презиме на брачните другари, ден, месец, година и место на раѓањето, матичниот број, државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари, ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме.

Член 13, став 1, точка 1 од Законот предвидува во матичната книга на умрените да се запишуваат податоци за смртта, и тоа, име и презиме на умрениот, неговото презиме пред склучувањето на бракот, полот, час, ден, месец, година и место на смртта, ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта, државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот.

„Според подносителот на иницијативата, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, односно со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се запечатува еднаш изразеното национално чувство“, информираа од Уставениот суд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ