вторник, 22 октомври 2024

Уставниот суд веќе доби иницијатива за дискриминацијата со личните документи

Адвокатот од Струга Глигорие Ќатоски поднесе инцијатава до Уставниот суд за утврдување на дискриминација од државата при издавањето на личните документи со новото име на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Гневен сум на државата, всушност како и секој Македонец. И јас се затекнав во тој хаос. Министерството за внатарешни работи требаше да знае дека согласно обврските преземени со Преспанскиот договор од 12 февруари требаше да издава нови документи. Самата држава, односно министерството ме доведе во ситуација значително да ми биде ограничена слободата на движење во државата и надвор од државата, со што сметам дека значително е загрозено и уставно загарантираното право на слодободно движење во државата и надвор од неа. Со тоа сметам дека државата ме поставила на една пониска положба, односно во дискриминирачка положба спрема граѓаните кои извадиле документи во втората половина од 2021-ва година кога министерството за првпат почнало да ги издава овие документи со новото име”, вели адвокатот Глигорие Ќатоски за ТВ Алфа.

Ако Уставниот суд утрди дека станува збор за дискриминација, тогаш граѓаните кои се чувствуваат загрозени во своето право на слободно движење во државата и надвор од неа, ќе може да поднесат соодветна постапка за надомест на штета пред судовите во државата, вели Ќатоски.

„Прво портпароли на Владата даваа изјави дека документите консекветно како што им истекува рокот ќе бидат заменувани. Не бевме навремено известени дека треба да се изврши промена и на возачки и на сообраќајни дозволи. Нема доволно обрасци за пасоши”, додава Ќатоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ