сабота, 27 јули 2024

Уставниот суд пресече, „наполитанките“ кај „Треска“ со минимален стандард за нормално хумано живеење

Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“. За жал се потврди правилото „Устав може да се смени, ама ДУП никако“, реагираат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар која има тројца советници во општината..

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на скопскиот Детален урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2 во кој влегува земјиште со вкупно 15 парцели околу поранешната фабрика „Треска“.

Еве ја реакцијата на Шанса за Центар:

На здравје нека се во Буњаковец: над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от; над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от; над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от; над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от; 0,36 м2 зеленило по жител или ич; густина на изграденост со планираните висини со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост; уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…

На здравје нека се „наполитанките“. Кој сака да прочита повеќе зошто планот по кој се продава земјата и почнува да се гради кај „Треска“ може да се преземе  елаборатот за суспензија изработен од стручната служба на Општина Центар.

Во денешното кусо соопштение од Уставниот суд е наведено дека по спроведената уставно-судска анализа и прибавената документација за овој предмет Судот оцени дека наводите во иницијативата се неосновани, односно дека оспорената одлука е донесена во согласност со тогаш важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање.

На земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ има 15 парцели. Како сопственици се јавуваат и три градежни фирми, Ремис од Охрид, Голден Арт и Мега акустик од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ