Иницијативата е автоматски суспендирана откако уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на владата на Педро Санчез на таа инцијатива, пренесува Ел паис.
Санчез во декември му порача на претседателот на регионот Каталонија Пере Арагонес дека референдум за самоопределување на Каталонија „не доаѓа предвид“, дури и откако Социјалистичката работничка партија на Санчез формираше коалиција со каталонските сепаратистички партии во парламентот.
Според Санчез, таквиот референдум е кршење на уставот од 1978 година.
Резултатите од анкета спроведена минатата година за каталонската регионална влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците би отфрлиле на референдум независност на регионот од Шпанија, додека 42 отсто би подржале, пренесува Ел паис.