петок, 27 декември 2024

Уставниот суд на Шпанија ја суспендираше иницијативата за независност на Каталонија

Шпанскиот уставен суд ја суспендираше на пет месеци законодавната инцијатива на парламентот на регионот Каталонија за придвижување на процесот за независност, чиј прв чекор е референдум.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата е автоматски суспендирана откако уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на владата на Педро Санчез на таа инцијатива, пренесува Ел паис.

Санчез во декември му порача на претседателот на регионот Каталонија Пере Арагонес дека референдум за самоопределување на Каталонија „не доаѓа предвид“, дури и откако Социјалистичката работничка партија на Санчез формираше коалиција со каталонските сепаратистички партии во парламентот.

Според Санчез, таквиот референдум е кршење на уставот од 1978 година.

Резултатите од анкета спроведена минатата година за каталонската регионална влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците би отфрлиле на референдум независност на регионот од Шпанија, додека 42 отсто би подржале, пренесува Ел паис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ