сабота, 27 јули 2024

Уставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата

Еквадор стана втората земја во Латинска Америка по Колумбија која ја декриминализираше евтаназијата. Уставниот суд на земјата гласаше седум наспроти два за да им дозволи на лекарите да им помагаат на пациентите да умрат, јавува Би-би-си.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Судот соопшти дека кривичното дело убиство повеќе нема да важи за медицинските лица кои работат на зачувување на правото на достоинствен живот.

Тужбата ја поднесе Паола Ролдан, која боледува од невролошката болест амиотрофична латерална склероза, позната како АЛС. Предлог-законот за евтаназија сега ќе треба да биде изготвен и одобрен од Конгресот, процес кој може да потрае многу месеци, но адвокатите на Ролдан велат дека пресудата е „веднаш применлива“.

Ролдан, која е врзана за кревет поради болест, пред судот во ноември изјави дека чувствува болка, осаменост и суровост и дека сака да почива во мир. Римокатоличката црква, на која припаѓаат мнозинството Еквадорци, останува цврсто против евтаназијата.

Колумбија ја декриминализираше евтаназијата во 1997 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ