среда, 19 март 2025

Уставниот суд и Собранието ги одложија сите активност за оваа недела

Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март. На денешната редовна координацијата пак, претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Уставниот суд ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата“, информираат од Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден.

На денешната редовна координацијата пак, претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.

Денешната координација се одржала во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, а на неа присуствувале претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата.

Координацијата започнала со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразиле сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

Ноќта во саботата изби пожар во дискотека во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а над 150 беа повредени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ