сабота, 27 јули 2024

Уставниот суд формира предмет за законот за данок на солидарност

Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина. Oва, како што велат од Судот, значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи. Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Македонија преку адвокат Игор Спировски.

Објавено на

часот

Сподели

!На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот“, истакнуваат од Судот.

Анета Трајковска од Стопанската комора денеска истакна дека иницијативата е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка токму поради кратките рокови предвидени во законот со цел да се спречи евентуално настанување на некои последици кои потоа потешко може да се санираат. 

„Во функција на заштита на нашите компании членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука“, рече Трајковска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора и додаде дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ