сабота, 27 јули 2024

Уставниот суд е без претседател, ниту Осман Кадриу не доби доволно гласови

Ниту уставниот судија Осман Кадриу денеска не доби доволен број гласови да стане претседател на Уставниот суд. Мандатот на Добрила Кацарска како претседателка на судот измина вчера, а денеска претходно без победник заврши гласањето за Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. За двете судијки се гласаше безуспешно и во четвртокот и петокот, а резулатот беше 5:4 во добиени гласови. И Кадриу денеска доби недоволни пет гласови, а потребни се најмалку шест гласови ЗА, имајќи предвиде дека претседател се избира со двотретинско мнозинство од деветте судии колку што сега брои Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, по првото неуспешно гласање Павловска Данева ја повлече кандидатурата, но Васиќ Бозаџиева сепак не го доби потребниот број гласови. Потоа, како што се дознава, се гласаше за судијата Осман Кадриу, но и тој не доби шест гласа.

Според деловникот на Уставниот суд, гласањето се повторува до изборот на претседател на судот, но денеска нема да има ново гласање.

„Со цел да не се доведе државата во уставна криза, се повлеков и побарав судот да гласа согласно принципот на меритократија, односно исклучиво согласно професионалните квалификации и менаџерските капацитети на кандидатите“, рече утрово Павловска Данева по седмиот неуспешен обид за избор на претседател.

Покрај Осман Кадриу, можни кандидати за преземање на претседателската функција се и Насер Ајдари, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ