сабота, 27 јули 2024

Уставен суд се сомнева дека 14 општини незаконски толкувале прописи што самите ги носат

Уставниот суд поведе постапка во 14 предмети за кои се сомнева дека исто толку општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто сами ги донесуваат, соопштија денеска од Уставниот суд. Ова се дел од вкупно 72 предмети што судот ги покрена по сопствена иницијатива, а кои содржат автентично толкување на правни прописи од различни општини, за кои Уставниот суд веќе постапува.

Објавено на

часот

Сподели

Судот изразил сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

„Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. Покрај поведувањето на постапка во која Судот ќе ја оценува законитоста и уставноста на општинските акти, на 12. седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат од спорните одредби во Деловниците за работа во општините, а се однесуваат на автентично толкување“, соопштија од Уставен суд.

Според законот, единствена институција која има право да дава автентично толкување е Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ