„Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност“, велат од Уставниот суд.
Од судот апелираат на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред судот да расправа и да одлучува по предметот.
Седницата на Уставниот суд на која треба да се расправа за уставноста на делови од Законот за употреба на јазиците е закажана за среда.
Демократската унија за интеграција поддржана од коалициските партнери од Европскиот фронт од вечра со шатори „дежураат“ пред Уставниот суд за да го „одбранат албанскиот јазик“.