сабота, 27 јули 2024

Уставен суд денеска одлучува колкава плата треба да земаат судиите

Уставниот суд на денешната седница ќе треба да одлучи дали намалувњето на коефициентот за утврдување на платите на судиите и членовите на Судскиот совет кои Собранието ги донесе на 29 февруари годинава е според Уствот и законите.

 

Објавено на

часот

Сподели

Одредбите на Законот за платите на судиите и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет се оспорени од Судски совет преку  претседателка Весна Дамева и Здружение на судиите, преку претседателот Џемали Саити.

„Судскиот совет наведува дека со оспорените закони законодавецот извршил противуставна и незаконита интервенција во самостојноста и независноста на судската власт преку правно недозволено намалување на платите на судиите како носители на судската власт и на членовите на Судскиот совет кој е орган што ја гарантира независноста на судската власт“, пренесува наводи од иницијативата Уставниот суд.

Во иницијативите, дополнува Судот, се наведува дека уставно-правната положба на судовите и на Судскиот совет е нарушена со оспорената измена на законите бидејќи со нив законодавецот значително го намалил коефициентот за утврдување на платата на судиите (коефициентите кои се движеле од 2.8 до 3.7 сега се намалени во распон од 2.43 до 3.21), односно коефициенот за пресметка на платата на членовите на Судскиот совет (коефициентите од 4 за претседател на Судскиот совет, односно 3.7 за заменик претседател и за член на Судскиот совет сега се намалени на 3.47 односно 3.21).

„Преку намалување на коефициентите што претставуваат параметар за пресметување на платата на судиите и на членовите на Судскиот совет правно и фактички се оневозможува усогласување на нивните плати со динамиката на движење на просечната исплатена плата во претходната календарска година, со што се спречувало законското право на усогласување на платата согласно постојните правила за нејзино пресметување“, се наведува во иницијативата.

На дневен ред на денешната седница се и оспорени делови од Законот за даноците на имот, Законот за приватизација, Законот за бесплатна правна помош, Законот за Народната банка, Уредбата за висината на надоместок за приватизација на градежното земјиште, начинот и постапката за наплата како и две Одлуки за утврдување цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад за општините Велес и Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ