недела, 20 октомври 2024
Четири иницијативи за оценување на денешната седница

Уставен ќе го разгледува правото на наследување и дали ќе има манипулирање со имотите на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Уставните судии ќе одлучуваат по иницијативата со која е оспорен член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка. Во иницијативата, меѓу другото се наведува дека оспорениот член е во спортивност со членот 30 од Уставот со кој се гарантира правото на сопственост и наследувањето  и смета дека со примената на оспорената одредба се овозможува манипулирање со имотите на граѓаните и капиталот се прелева на располагање на поединци кои ги немаат тие права. 

На дневен ред е и иницијативата со која е оспорен Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 делница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола.

Според подносителот на иницијативата Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија, номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот. Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот. 

Пред уставните судии ќе се најдат и иницијативата со која е оспорен: Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства, како и иницијативата за член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ