„Интервенцијата ја извршија екипи на ЈКП Водовод кои во текот на денот работеа на објектот пумпна станица Довлеџик”, информираа од претпријатието.
Посочуваат дека функционалноста на овој потисен цевковод е премногу важна за редовно водоснабдување на корисниците.
„Монтирањето се изврши на почетокот од потисниот цевковод преку кој во летните месеци до филтер-станица Дихово се пумпа сирова вода од пумпна станица Довлеџик во должина од скоро 2 километри и со висинска разлика од 120 метри. Со оваа интервенција ЈКП Водовод преку водоводниот систем ќе продолжи да овозможува користење на питка вода во сите домови“, посочија од претпријатието.