Астон Вила во средата со 1-0 го совлада Манчестер Сити, а четири дена подоцна, со истиот резултат славеше и против уште еден претендент за титулата, на „Вила Парк“ падна и Арсенал.
Избраниците на Унаи Емери и вечерва славеа со 1-0, трите бода ги донесе Мекгин, кој погоди рано, уште во 7. минута.
Арсенал долго вршеше притисок, во последните минути успеа и да ја затресе мрежата на Мартинез, но голот беше поништен поради играње со рака.
Па на крајот Астон Вила се радуваше на нова победа, која за нив е рекордна 15-та во низа на домашен терен.