сабота, 27 јули 2024
Украинецот стана апсолутен шампион во тешка категорија

Усик го победи Тајсон во спектакуларен меч од 12 рунди (ВИДЕО)

Украинскиот боксер, Олександар Усик ги обедини титулите во тешка категорија откако по 12 рунди со судиска одлука го победи Тајсон Фјури во спектаклот кој се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот ги оправда сите очекувања, Тајсон и Усик приредија вистинска борба, двајцата имаа свои моменти, Украинецот беше подобар и на крајот тој ја зема победата. Двајца од судиите му дадоа предност на Усик, еден на Тајсон што говори за изедначеноста на мечот.

За Тајсон Фјури ова беше прв пораз во кариерата во која има 34 победи и едно реми. Главна причина за победата на Усик беше фантастичната деветта рунда која ја имаше Украинецот.

До тој момент Фјури беше во предност, собра повеќе бодови, па беше релаксиран во завршницата. Усик го крена нивото и му зададе серија тешки удари по што вистинско чудо беше како Тајсон остана на нозе и го дочека крајот на рундата.

Ова беше 22. победа за Усик во професионалниот бокс, се уште нема доживеано пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ