сабота, 27 јули 2024

Уште пет земји се приклучуваат во БРИКС, блокот на Путин и Си

Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати потврдија дека се придружуваат на блокот БРИКС откако беа поканети минатата година, кажа јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Петте земји добија покана заедно со Аргентина на самитот во август во Јоханесбург да се придружат на блокот сочинет од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Членовите велат дека тој потег ќе помогне во менувањето на светскиот поредок кој го сметаат за застарен.

Аргентина официјално ја одби поканата за придружување во БРИКС.

„Што се однесува до потврдите за БРИКС, пет од шест земји ги потврдија. Тоа се Саудиска Арабија, ОАЕ, Етиопија, Иран и Египет“, кажа Пандор на конференција за новинарите.

„Аргентина порача дека нема да постапи во согласност со барањето на претходната влада да стане полноправна членка на БРИКС и ја прифаќаме нејзината одлука“, додаде шефот на јужноафриканската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ