Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (53 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 108 (26 проценти) за објекти од нискоградба и 87 (21 процент) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 415 објекти, на 229 (55,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 (44,8 проценти) од објектите инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови со вкупна корисна површина од 53.346 метри квадратни.
Во Југозападниот регион ќе се градат 186 станови, а најмногу, 153, во Струга, по што следи Полошкиот со 110 станови, па Скопскиот со 97, од кои 39 во општина Карпош, а 39 во општина Центар.