По продажбата на Сандро Тонали во Њукасл, Милан почна да носи засилувања во средниот ред, прво пристигна Рубен Лофтус Чик од Челси, а сега е ангажиран и Тиџани Рајндерс од АЗ Алкмар.
„Милан е задоволен што може да соопшти дека го купи Тиџани Рајндерс од АЗ Алкмар. Холанѓанецот стави потпис на договор со трајност до 30. јули 2028 година“ – гласеше известувањето.
Како што пренесуваат медиумите, „росонерите“ ќе платат околу 20 милиони евра плус бонуси за услугите на Тиџани Рајндерс, кој доаѓа на инистирање на Стефано Пиоли.
24 годишниот Холанѓанец е петтото ново име во Милан ова лето по Кристијан Пулишиќ, Лука Ромеро, Рубен Лофтус Чик и Марко Спортиело.