Од 19 одиграни кола во Серија А оваа сезона, Јувентус има дури 12 нерешени средби, денеска ремизираше на гостувањето кај градскиот ривал Торино.
Мечот почна добро за Јувентус, по само осум минути игра Јилдиз погоди за водство од 1-0, но пред крајот на првото полувреме Влашиќ изедначи на 1-1, што беше и конечен резултат.
Атмосферата беше тензична, па во 56. минута двајцата тренери добија црвени картони, Ваноли и Мота мораа да заминат од клупите.
Нерешено заврши и мечот меѓу Удинезе и Аталанта. На тој натпревар немаше ниту голови.