сабота, 27 јули 2024

Уште една жртва во Есен од Македонија, до смрт избодена Македонка од Кавадарци

Жена (41) по потекло од Кавадарци била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, јави Билд. Ова убиство се случило пред една недела во стан во Есен. Нејзините повреди биле толку тешки што искрварила до смрт. Нејзиниот сопруг, Македонец, се обидел да избега, но бил фатен во соседниот град Гелзенкирхен.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата ја известил постариот син (16) на жртвата кој кога дошол дома го нашол помалиот брат како стои пред заклучената врата од станот.

Полицијата во Есен информира дека на самото место имало докази за 47-годишен осомничен (Македонец), кој е сопруг на починатата жена.

Пред една недела германските медиуми јавија дека во Есен вербалната расправа  меѓу двајца Еритрејци (25, 29) и еден 32-годишен македонски државјанин завршила со физичка пресметка по која Македонецот подлегнал на повредите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ