сабота, 27 јули 2024

Уште една спасувачка мисија во 5 до 12 – министерот во ТВ-студио потпиша правилници

За време на интервју на ТВ Телма министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потпиша правилници со кои се продолжува операцијата на издавање и лепење налепници со кодот НМК (NMK) на регистерските таблички на возилата, без што тоа од утре немаше да биде можно, како и за продолжување на рокот на табличките со три бројки до крајот на година. И тоа беа едни од низата изненадувања за граѓаните во „5 до 12“, како што вчера дознавме дека ќе беше ризично да возиме со возачки дозволи без „северна“ во насловот за државата.

Објавено на

часот

Сподели

МВР од утре е пред нов предизвик и со зголемени обврски за да овозможи граѓаните да ги добиваат документите со новото уставно име имајќи предвид дека на полноќ истекува рокот на нивната важност надвор од Македонија..

По разговорот токму на таа тема во интевјуто на Телма, техничкиот министер Тошковски ексрпесно во студиото ги потпиша правилниците со кои се продолжува лепењето на НМК налепници на регистарските таблички, но и рокот за обновување на старите таблички со три бројки, со и без ознака МК, исто така до 31 декмеври, а чија што важност истекуваше на полноќ.

Без промена на овие правилници кои му беа предочени на министерот, МВР од ноќеска на полноќ немаше да може воопшто да лепи налепеници на регистарските таблички со 4 бројки, и со МК ознака, а граѓаните доколку сакаа да патуваат не ќе можеа да ја напуштат земјава.

Од утре малку фалеше да не важат возачките дозволи како документ пред македонските власти, иако тоа до вчера не им беше кажано на граѓаните. Опцијата дека полицијата нема да казнува се покажа неуверлива, односно дека не е според законот, а дополнителен проблем беше дека во случај на сообраќајна несреќа осигурувањето пред пред осигурителните компании можеше да не важи. Пратениците едногласно направија измена во Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата и овозможија одреба возачките дозволи да важат до крајот на годината.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ