понеделник, 28 октомври 2024

Уште една недела време за пријавување на штетите од пожарот во Свети Николе

Во големиот пожар што избувна кон крајот на јули изгореа 50 куќи, трактори, земјоделска механизација, плевни… Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев вели дека ова се првичните анализи и според она што досега граѓаните го пријавиле како штети од пожарот во светиниколско, а кој зафати и три села.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавени се околу педесетина куќи. Во дел од нив се живеело, а има и такви кои периодично ги користеле, најчесто за викендите. Изгорени се околу 30 плевни, 10 машини од земјоделска механизација, пчелни семејства. Има голема штета на територијата на опожарените подрачја“, изјави Владев.

Тој посочува дека најголемата битка со огнот била во село Немањици и дека пријавувањето на штетите од пожарот е до крајот на овој месец.Тој додаде дека во црквите и Црвениот крст во Свети Николе  сѐ уште има пунктови каде се прибираат донации.

„На граѓаните во тој дел им се потребни хигиенски средства, мебел, резервни делови за машини, пелени и храна“, вели Владев.

Посочи дека ќе бидат потребни години за да се обнови она што огнот го пеплоса особено растителниот и животинскиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ