Аеродромот во Скопје ја доб европската награда во категоријата 2 до 5 милиони патници годишно.
„ТАВ аеродроми, како аеродромски оператор, е неизмерно горд за една од највредните награди во авијацијата, која го признава и препознава нашиот ангажман за извонредност во искуството на патниците и квалитетот на услугите на аеродромите. Особено сме среќни што Меѓународниот аеродром Скопје е меѓу аеродромите што постигнаа највисоки нивоа на задоволство на клиентите, утврдени од повратните информации од патниците. Со нашите сестрински компании, БТА (храна и пијалаци), АТУ (бесцаринско работење), ТАВ МОС (комерцијални услуги) и ТАВ Технолоџис (ИТ услуги), постојано се трудиме да се подобруваме и иновираме, осигурувајќи дека секое патување преку нашиот аеродром е позитивно. Оваа 9-та награда за квалитет на аеродромските услуги е доказ за нашата посветеност на гостопримството, дигитализацијата и одржливоста, бидејќи нашата цел е да создадеме аеродроми кои не само што ги исполнуваат, туку и ги надминуваат очекувањата на патниците“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Ова е девета награда за скопскиот аеродром, откако претходно ја доби ASQ наградата за 2022, 2021, 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година. Меѓународниот аеродром Скопје припаѓа на ASQ панелот од 10 аеродроми во категоријата аеродроми со големина од 2-5 милиони патници годишно во регионот Европа.
Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и создавање одредници, и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ аеродроми и членка на групацијата АДП, го заврши периодот од јануари до август 2024 година со вкупно 2.128.981 патник на двата македонски аеродроми – Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е 4% зголемување во однос на истиот период во 2023 година, а во однос на 2019 година (1.782.208), која се смета за референтна година во авијацијата, бројките на авиосообраќај покажуваат 20% повеќе патници. Во однос на бројот на летови, имаше 17.196 летови во текот на осумте месеци од 2024 година, или 12% повеќе летови во споредба со 2023 година, односно 17% повеќе во споредба со 2019 година (14.744).