сабота, 27 јули 2024

Уште една мобилизација би ја претворила Украина во пустина

Доколку се донесе новиот закон, значителен дел од населението ќе ги прекине сите врски со државата, така што таа нема да може да ги идентификува, наоѓа и повикува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Доколку биде усвоен новиот предлог-закон за мобилизација, Украинците ќе почнат масовно да ги откажуваат услугите во државните банки, ќе почнат да ја повлекуваат сета готовина и ќе преминат на „сиви“ вработувања, предупредува украинска „Страна“.

Целиот негативен ефект од ваквата одлука засега е тешко да се процени.

Пратениците на украинската партија Слуга на народот почнаа остро да го критикуваат новиот предлог-закон за мобилизација во неговата сегашна верзија.

Шефот на Комитетот за економски развој од претседателската фракција, Дмитриј Наталуха, наведува дека е тешко да се процени колку законот негативно ќе влијае на целата украинска економија.

„Доколку конечната верзија на законот, за која ќе се гласа во јануари, принуди значаен дел од населението да прекине какви било врски со државата, за да не може да ги идентификува, пронајде и повика, тоа секако ќе има негативен влијание врз економијата“, вели Наталуха.

Меѓу можните последици тој наведува дека мнозинството од населението ќе ги прекине контактите со државните банки, кои заземаат голем дел од пазарот, по што ќе следува масовно повлекување на готовина, премин кон „сиви“ вработувања и на крај намалување на државните даночни приходи. Дополнително, ќе има иселување на работоспособните жени, ќе се намали внатрешната логистика, што повторно ќе влијае на намалување на економската активност.

„Ако во 2022 година дел од населението избега поради конфликтот, сега поради погрешна одлука во 2024 година постои ризик Украинците да почнат да бегаат од својата земја“, предупредува украинскиот политичар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ