сабота, 27 јули 2024

Уште една бетонизација во Скопје, Карпош, поранешна Алумина

Во скопската општина Карпош, на локацијата на поранешната фабрика Алумина планирано е да се изградат осум нови згради, од кои шест со висина од 9 до 14 ката, но и две големи кули, блокови од 25 до 35 ката. Општина Карпош објави видеа од овој проект.

Објавено на

часот

Сподели

Од 3Д приказот на овој проект како дел од деталниот урбанистички план Градска четврт 3 06, блок 11, кај поранешна Алумина ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.

ц

Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Просторот кај поранешната фабрика (42.000 м2)  пред три години за 18 милиони евра го купи нафтената компанија Пуцко петрол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ