сабота, 27 јули 2024

Уште еден рис е „заловен“ од камерите на Националниот парк Галичица

Објавено на

часот

Сподели

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во паркот.

Истовремено се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис и оние за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк Галичица. Потикнати од појавата на рисот, jавната установа Национален парк Галичица во сороаботка со Мaкедонското еколошко друштво изминатите две години спроведоа мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ