Нови проблеми за „црно-сините“ од Бергамо, до крајот на летото ќе бидат инволвирани во уште една трансфер сага.
Откако Теун Копмајнерс одби да игра поради желба за преселба во Јувентус, сличен потег сега повлече и Адемола Лукман.
Напаѓачот денеска побарал да не настапи против Лече, потегот следи по гласините за интерес на ПСЖ.
Се шпекулира дека „светците“ стапиле во контакт со агентите на Адемола Лукман и опипале терен за трансфер.
И покрај тоа што нема пристигнато конкретен предлог до Аталанта, играчот не сака ништо да ризикува, па преферира да не игра и да чека преселба во Париз.
За маката на Аталанта да биде поголема, Џанлука Скамака и Николо Заниоло се повредени и против Лече имаат само двајца напаѓачи на располагање во Матео Ретеги и Шарл Де Кетеларе.