сабота, 27 јули 2024

Уште еден боинг остана без дел од трупот за време на лет

Федералната управа за авијација на САД истражува како авионот боинг 737-800 на Јунајтед ерлајнс изгубил надворешен панел пред безбедно да слета вчера во државата Орегон. Авионот на Јунајтед на летот 433 слета на аеродромот Медфорд околу 13:45 часот по локално време, превезувајќи 139 патници и шест члена на екипажот од Сан Франциско, соопштија ФАА и авиокомпанијата.

Објавено на

часот

Сподели

ФАА објави дека инспекцијата на 25-годишниот авион по слетувањето покажала дека недостига дел од надворешниот панел. Јунајтед соопшти дека исто така ќе спроведе истрага и дека не е прогласена вонредна состојба бидејќи немало знаци за штета за време на летот. „Ќе извршиме детална проверка на авионот и ќе ги извршиме сите потребни поправки пред да биде вратен во употреба“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Боинг не го коментираше случајот и прашањата ги пренасочи до Јунајтед ерлајнс. Според записите на ФАА, авионот бил произведен кон крајот на 1998 година. Рог Вали Тајмс, локален медиум во Орегон, објави драматична фотографија од авионот без дел од облогата. Сообраќајот на аеродромот накратко беше во прекин.

Боинг е во голема неволја

Компанијата „Боинг“ се најде под интензивна контрола по инцидентот со авионот на „Алјаска ерлајнс“ на 5 јануари, откако од боинг 737 макс падна вратата среде лет.

Минатата недела авион боинг 737 макс на Јунајтед ерлајнс од пистата во Хјустон „слета“ на тревник, што предизвика истрага. Исто така минатата недела, боинг 777-200 на Јунајтед по полетувањето од Сан Франциско кон Јапонија изгуби гума и беше пренасочен во Лос Анџелес, каде што безбедно слета.

На 4 март боинг 737 на Јунајтед на пат кон Флорида од Хјустон се врати на аеродромот набргу по полетувањето, бидејќи во моторот му влегла фолија со меурчиња што пред полетувањето била на пистата. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваа дека од моторот излегува пламен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ