„Таму ќе се комплетираме и мислам дека и таму за кратко време ќе го локализираме пожарот. Остануваме на терен се до негово ликвидирање“, вели Коцев.
Прашан за огнот кој се разгорува на ридот, кој е зад негово, Коцев вели дека во тој правец одат екипите
„Таму се комплетираат сите што се на терен и ќе вршиме гасење и на тоа место“, вели Коцев.
Посочи дека Противпожарната единица- Штип има доволно пожарникари и за негово ликвидирање ќе треба уште кратко време.
Пожарот почна од 13.35 часот на депонијата Трешена скала по што поради силниот ветер излезе надвор од нејзиниот круг и се рашири на трева и нискостеблеста шума по околните ридови, а според проценките на Коцев зафатени се над 40 хектари сува треба, смрека, нискостеблеста шума. Пожарникарите успееја да спасат и неожнеано жито станува збор за површина од 20 до 30 декари.