петок, 18 октомври 2024
Извештај на ИЈЗ за една недела

Уште 17 случаи на голема кашлица, тројца се хоспитализирани

Пријавени се 17 нови случаи на голема кашлица во периодот од 23 до 29 август. Возраста на заболените се движи до 49 години, а најголем број случаи се од возрасната група од една до четири години. Од новите случаи, три беа хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај што го објави денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Објавено на

часот

Сподели

„Заклучно со 29 август, во Македонија се регистрирани вкупно 1.049 случаи на голема кашлица, со инциденца од 57,1/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи“, пишува во извештајот.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 477 лица се од машки, а 572 од женски пол.

Од вкупниот број заболени лица, кај 1.042 лица биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма.

 

Сè уште најголем број заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје.

Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.

Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години, највисока инциденца се бележи во возрасната група под една година и изнесува 1.282,1/100.000 жители.

Од вкупниот број регистрирани случаи, 660 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11 години.

Од 18 јануари до 29 август, дадени се вкупно 65.544 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ