петок, 18 октомври 2024
Тренерот на Ливерпул е хит на социјалните мрежи

Урнебесната реакција на Клоп кога виде дека Манчестер јунајтед е елимиран во Лига Купот (ВИДЕО)

Јирген Клоп е хит на социјалните мрежи, тренерот на Ливерпул имаше интересна реакција кога виде дека Манчестер јунајтед загубил од Њукасл и „ѓаволите“ се елиминирани во Лига Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Во реприза на минатогодишното финале, Њукасл синоќа го освои „Олд Трафорд“ и го елиминираше Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лига Купот.

„Ѓаволите“ не се во пасакувана форма, но гостите имаа огромни проблеми со повредите, во стартниот состав имааа дури пет бека и ниту еден класичен напаѓач, па се очекуваше избраниците на Ерик тен Хан со победа да се опорават по поразот од Манчестер Сити во лутото градско дерби.

Но наместо тоа, се случи ново разочарување, Њукасл стигна до триумф од 0-3.

Очигледно од резултатот беше изненаден и Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул стана хит на социјалните мрежи со својата реакција кога го виде резултатот од натпреварот на Олд Трафорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ