среда, 23 октомври 2024

Урнат руски воен авион, пилотот се катапултирал и го снимил уривањето (ВИДЕО)

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа уривањето на борбен авион кое го снимил руски пилот по катапултирањето. Снимката, која ја направил пилотот на руското воено воздухопловство, ја сподели прорускиот воен блогер Кирил Фјодоров, кој го уредува блогот Војна, историја и оружје.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Архивираната снимка на пилотот, неколку секунди по катапултирањето, е направена со уред со напредни мултимедијални способности. Уредот сосема случајно бил во неговиот џеб, и, нормално, бил „само за борбени дејства““, напиша Фјодоров, кој има повеќе од половина милион следачи.

Воениот блогер не откри каков авион е урнат, ниту кога и каде е направена снимката. Кажа дека пилотот преживеал.

„П.С. Нема да ви ги откријам локацијата и времето на снимањето“, напиша Фјодоров. „П.П.П.С Пилотот е жив, безбеден и се спрема повторно да тргне на Украинците!“

Снимката ја сподели и Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

„На интернет се појави снимка од руски пилот кој бил соборен, но успеал да се катапултира. Тој со телефон го снимил својот пад и падот на леталото“, напиша Герашченко.

„Бидејќи катапултирањето се случило над облаците на значителна височина, тоа би можел да биде пилот на ловец Су-30/Су-35 или на бомбардер Су-34. Судејќи по смиреното држење на пилотот, авионот е погоден длабоко во руска територија“, оцени тој.

Шефот на европската команда на САД, генералот Кристофер Каволи, во април кажа дека Москва изгубила околу 10 отсто од својата авионска флота во војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ