Главниот уредник на весникот, Жерал Бијар, рече дека и покрај претрпените трауми, весникот ќе продолжи да го критикува не само исламот, туку и христијанството, јудаизмот, како и секој институционализиран систем на религија и во согласност со својата одбрана на слободата на изразување и француската форма на секуларизам, пренесува радиото РФИ.
На насловната страница на списанието, по повод десетгодишнината од нападот, е прикажан читател на „Шарли ебдо“ што седи на врв на пушка, со наслов „Неуништив“.
„Идејата за Бог е како и секоја друга, ни помалку ни повеќе достојна за почит“, кажа Бијар, додавајќи дека, како и со сите други идеи, имаме право да се потсмеваме со неа и да ја оспоруваме, како и со оние што тврдат дека зборуваат во нејзино име.
Нападот се случи на 7 јануари 2015 година кога двајца маскирани вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на Шарли ебдо во Париз и отворија оган, убија 12 луѓе, вклучувајќи десет вработени и двајца полицајци, а ранија 11 други лица.
Напаѓачите, браќата Шериф и Саид Куаши, ги ликвидираше полицијата три дена подоцна.
Повод за нападот беа карикатури на пророкот Мухамед, какви што Шарли ебдо често објавува.