сабота, 27 јули 2024

Уреди за прислушување пронајдени во просторијата каде што требало да се состане полската влада

Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторија каде што денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полска, центар на западните воени залихи за Украина додека Киев се бори против руската инвазија, е во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионска активност.

„Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтираше уреди што може да се користат за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министри во Катовице“, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа Икс.

„Службите вршат понатамошни активности во врска со ова прашање“, додаде Добржински. Вчера владата соопшти дека истражува дали полски судија кој имал пристап до доверливи информации и побарал политички азил во Белорусија шпионирал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ