Полска, центар на западните воени залихи за Украина додека Киев се бори против руската инвазија, е во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионска активност.
„Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтираше уреди што може да се користат за прислушување во просторијата каде што денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министри во Катовице“, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа Икс.
„Службите вршат понатамошни активности во врска со ова прашање“, додаде Добржински. Вчера владата соопшти дека истражува дали полски судија кој имал пристап до доверливи информации и побарал политички азил во Белорусија шпионирал.
Służba Ochrony Państwa we współpracy z Agencją Bezpieczeństwa Wewnętrznego wykryła i zdemontowała urządzenia mogące służyć do podsłuchu w sali gdzie dziś w Katowicach ma odbyć się posiedzenie Rady Ministrów. Służby prowadzą dalsze czynności w tej sprawie pic.twitter.com/OOdZPSiifU
— Jacek Dobrzyński (@JacekDobrzynski) May 7, 2024