понеделник, 30 септември 2024

Ураганот Хелена предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати (ВИДЕО)

Ураганот Хелена, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија, предизвика огромни материјални штети и според последните податоци однесе најмалку 90 животи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на југоисточните американски држави почнаа со чистење и поправки вчера, откако ветерот на ураганот Хелена, силниот дожд и невремето предизвикаа катастрофални поплави во шест држави од Флорида до Вирџинија, оставајќи милиони луѓе без струја и уништени домови, патишта и мостови.

Најмалку 90 луѓе ги загубија животите во невремето, според Ројтерс, врз основа на податоците на локалните власти во Јужна и Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Вирџинија и Тенеси. Си-ен-ен, пак, јавува за вкупно 93 загинати лица.

Според последните податоци, најмногу луѓе, 36, починале во Северна Каролина. Јужна Каролина пријавила 25 смртни случаи, Џорџија 17, а Флорида 11. Вирџинија пријавила два смртни случаи, како и Тенеси.

Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Осигурителните компании проценуваат дека штетата предизвикана од ураганот Хелена би можела да изнесува меѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ