сабота, 21 декември 2024

Ураган на векот доаѓа во САД, евакуација е во тек, блокирани патишта, „Кој ќе остане ќе умре“ (ВИДЕО)

Џо Бајден предупреди дека ураганот Милтон може да биде една од најлошите бури што ја погодила Флорида во последните сто години. „Евакуирајте се сега, сега, сега“, им порача тој на жителите, нагласувајќи дека федералната влада ќе обезбеди помош „пред, за време и по“ ударот на бурата. Илјадници припадници на федерален персонал веќе се распоредени за да помогнат во подготовката и обезбедувањето поддршка за време на бурата, додаде Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Рон Де Сантис истакна дека Флорида отворила десетици засолништа за оние кои не можат да ја напуштат областа погодена од невремето. „Имаме едно засолниште кое може да прими 10.000 луѓе“, рече тој за време на брифингот со новинарите. „Другите засолништа можат да примат илјадници. Овие засолништа се последно прибежиште“, додаде тој.

Де Сантис претходно ја нарече бурата „чудовиште“, додека Белата куќа објави дека Бајден ја откажал планираната посета на Германија и Ангола за да ги надгледува подготовките за Милтон, како и напорите за закрепнување од неодамнешниот ураган Хелена.

Владата на Бахами, исто така, издаде предупредување за тропска бура за делови од островската држава, вклучувајќи ги и островите Гранд Бахама, Абакос и Бимини.

Во тек е масовна евакуација. Десетици илјади луѓе ги блокираа патиштата и заглавија во сообраќајот.

„Ова ќе биде бура што ќе го промени животот“, изјави за Би-би-си Џералд Лемус, жител на Флорида, кој цел живот живее на американскиот полуостров и никогаш досега не се евакуирал поради ураган.

„Никогаш не било толку тивко овде. Сите заминаа“, рече друг жител, Стив Крист.

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи дека ситуацијата е „прашање на живот и смрт“. Градоначалничката на Тампа ги предупреди жителите да „бегаат или ќе умрат“.

Милтон носи екстремно силни ветрови до 250 км/ч откако ќе помине по северниот раб на полуостровот Јукатан во Мексико. Се прогнозира дека бурата со цела сила ќе ја погоди густо населената област Тампа беј оваа вечер, помалку од две недели откако ураганот Хелен веќе ја опустоши државата. Жителите на Флорида добија совет да се подготват за најголемата евакуација во последните години.

На патиштата во западна и централна Флорида привремено се укинати патарините за да се олесни сообраќајот, а на бензинските пумпи во Јужна Флорида се формирани долги колони, што доведе до недостиг на гориво на некои станици. Сообраќајниот метеж во одредени области е зголемен за дури 90 отсто од нормалното ниво, рече гувернерот Де Сантис. Затворени се и училиштата.

Кит Тури, портпарол на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), рече дека се охрабрени од нивото на евакуации кои се во тек. „Ова е всушност добар знак“, додаде Тури. Евакуирани се и жители на областа што беше погодена од ураганот Хелена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ