петок, 18 октомври 2024

Управниот суд пресуди, Агенцијата за филм треба да ги доплати парите за „Кајмак“, филмот на Манчевски

Објавено на

часот

Сподели

„Ја пријавивме Агенцијата за филм за местени конкурси, за незаконски исплати (крадење), за судир на интереси, а тие за одмазда ни ги блокираа успешните проекти“, велат од „Банана филм“

На минатонеделното рочиште Управниот суд го уважи барањето на „Банана филм“, па сега в.д. директорот на Агенцијата, Бојан Лазаревски, ќе мора да даде налог за исплата на преостанатите 30% по договорот за „Кајмак“ и ќе мора да склучи пред-договор и да исплати 5% за развој на сценарио за „Биста“. Доколку не ја почитува одлуката,  в.д. директорот ризикува да одговара кривично за неизвршување на судска одлука, велат од „Банана филм“ и додаваат дека нивните тврдења биле потврдени и од Државната комисија за спречување на корупцијата, од Државниот завод за ревизија, Транспаренси интернешнл, инспекција на Министерството за култура… „Еве, сега и судот го потврдува самоволието на филмската мафија. Се надеваме дека наскоро ќе има и соодветни казни за сторените кривични дела“, велат од „Банана филм“.

И Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка против Агенцијата за филм и Друштвото на филсми работници на Македонија (ДФРМ) за испитување на забранета државна поддршка. Според наоди на Државниот завод за ревизија, но и на самото Министерство за култура, Агенцијата незаконски му исплатила на ДФРМ над 120.000 евра, соопшти „Банана филм“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ