петок, 26 јули 2024

Управниот суд попладне ќе решава за тужбата од Вреди

Управниот суд попладне во 17.30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од коалицијата Вреди за парламентарните избори. Тужбата се однесува на одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето во Долна Бањица, гостиварско.

Објавено на

часот

Сподели

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но, исто така, утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ