Како што соопшти денеска МВР, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација Кавадаречки полумаратон, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.
М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.