сабота, 28 декември 2024

Универзитетските професори од септември ќе имаат повисоки плати, најави Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.

„Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот, тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука“, рече Ковачевски.

Тој порача дека „треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза“.

„Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите“, додаде Ковачевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ