среда, 18 декември 2024

Универзитетскиот професор Поповски избран за претседател на извршниот одбор на КОСТ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одржала работен состанок со националните претставници на ЕУ-програмата КОСТ, проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, национален претставник во КОСТ и Александар Тутновски, национален координатор на КОСТ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави МОН, во фокус на состанокот бил изборот на Поповски за потпретседател на COST и претседател на Извршниот одбор на COST (Executive Board – EB).

„На  219. состанок на КОСТ во Мадрид, одржан на 27 ноември 2024, со тајно гласање проф. д-р Зоран Поповски беше избран  за нов потпретседател на КОСТ. Воедно, во наредниот тригодишен период ќе ја извршува и функцијата претседател на извршниот одбор на КОСТ“, наведува МОН.

КОСТ е најголемата научна мрежа во светот, која опфаќа над 60.000 научници и иноватори и располага со годишен буџет од околу 100 милиони евра.

„Со овој избор, проф. д-р Зоран Поповски стана првиот потпретседател во историјата на КОСТ кој доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија. Министерката Јаневска му го честиташе изборот на проф. Поповски, истакнувајќи дека неговата улога во високите управувачки структури на КОСТ е од големо значење за поголема вклученост и видливост на научно-истражувачката заедница од Македонија“, информира Министерството за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ