На панел дискусијата која е дел од проектот „Промовирање на значењето на библиотеката како културна и образовна институција во заедницата – 80 години постоење на Битолската библиотека“, освен менаџментот на библиотеката, како панелист учествуваше и градоначалникот Тони Коњановски.
„Библиотеката е длабоко поврзана со моето детство. Сакам и сега, што повеќе деца да се вратат кон читањето и книгата. Во ова време, кога доминираат електронските уреди, телевизијата, интернетот, мобилните телефони, искрено се радувам кога ќе видам дека некое дете чита. Денес, како локална самоуправа имаме одлична соработка со библиотеката и при секое влегување во овој храм на книгата, мирисот на книгата ви ги враќа спомените“, истакна Коњановски.
Јубилејните свечености на Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола продолжуваат и во наредните денови, а свечената академија е закажана за в петок, на 28 март.