понеделник, 15 април 2024

Универзитетот во Кембриџ нема да прифаќа донации од компании кои произведуваат фосилни горива

Британскиот универзитет во Кембриџ денеска соопшти дека по кампања на студенти и академици, усвоил мораториум за нови донации за компаниите кои произведуваат фосилни горива.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг.

Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на посветеноста на универзитетот за справување со климатските промени преку транзицијата кон свет без јаглерод“.

Според извештајот на Топинг, универзитетот добива релативно мали донации од индустриски партнери, што изнесува 5,1 отсто од вкупниот буџет за истражувачки и хуманитарни програми.

Се работи за износ од околу 3,3 милиони фунти годишно во последните шест години.

Индустриите за фосилни горива учествуваат со 0,4 отсто во финансирањето на истражувачки и хуманитарни програми, а нивните донации сочинуваат 0,1 отсто од вкупниот приход на универзитетот, се наведува.

Одлуката на Кембриџ првпат беше објавена во понеделникот од Фајненшл тајмс, кој рече дека универзитетот прифатил 19,7 милиони фунти од нафтените гиганти БП и Шел во периодот од 2016 до 2023 година.

Универзитетот има за цел да постигне нула нето емисии на стакленички гасови до 2038 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ