петок, 26 јули 2024

Универзален снабдувач остана ЕВН, ЕДС немаше покана за аукцијата

Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе остане ЕВН хоме. Утрово на електронската аукција оваа компанија понудила најмала профитна маржа – 9,9%.

Објавено на

часот

Сподели

Во јуни истекува договорот на Владата со досегашниот универзален снабдувач ЕВН хом. По конечната одлука на Владата се очекува официјализирање на оваа информација и веројатно намалување на цената на струјата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде помала од 11,5 отсто.

На аукцијата, иако беше пријавена, не учествувала компанијата ЕДС затоа што немале никаква информација за одржување на аукцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ