петок, 26 јули 2024
Копа дел Реј

Унионистас ја намачи Барса, но со два прекрасни соло погодоци „каталонците“ одат понатаму (ВИДЕО)

Барселона се пласираше во следната рунда во Копа дел Реј откако вечерва со 1-3 славеше на гостувањето кај Унионистас, третолигашот го намачи фаворитот, кој стигна до победа со два прекрасни соло погодоци.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Реал Мадрид во финалето на Суперкупот, избраниците на Чави вечерва не дозволија ново разочарување и триумфираа против Унионистас во Копа дел Реј.

Домаќините стигнаа до изненадувачко водство по половина час игра, Гомез остана сам на подалечната статива и убаво биеше за 1-0.

Пред крајот на првиот дел, Унионистас „се залета“ при еден корнер, па се отвори контра на спротивната страна и Ферен Торес реализираше за 1-1.

Во вториот дел, Кунде прекрасно погоди од далечина за 1-2 во 69. минута, за мечот да биде решен во 73. минута, Балде убаво продре и биеше силно под пречката за 1-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ