По поразот од Реал Мадрид во финалето на Суперкупот, избраниците на Чави вечерва не дозволија ново разочарување и триумфираа против Унионистас во Копа дел Реј.
Домаќините стигнаа до изненадувачко водство по половина час игра, Гомез остана сам на подалечната статива и убаво биеше за 1-0.
Пред крајот на првиот дел, Унионистас „се залета“ при еден корнер, па се отвори контра на спротивната страна и Ферен Торес реализираше за 1-1.
Во вториот дел, Кунде прекрасно погоди од далечина за 1-2 во 69. минута, за мечот да биде решен во 73. минута, Балде убаво продре и биеше силно под пречката за 1-3.